Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денесака повторно се закани и кажа дека неговата земја нема да го ратификува барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО се додека не се исполнат ветувањата што тие две земји и ги дадоа на Турција.
-Сè додека не се исполнат ветувањата што ни се дадени, ние ќе ја задржиме нашата принципиелна позиција, рече Ердоган во своето обраќање во турскиот Парламент.
Турција од мај се заканува дека ќе го блокира влезот на двете скандинавски земји во НАТО.
Во јуни таа го повлече својот приговор за приклучувањето на Шведска и Финска во Алијансата, но предупреди дека ќе го блокира процесот доколку не успеат да екстрадираат осомничени лица поврзани со забранетите курдски групи или мрежата на прогонетиот свештеник Фетулах Шулен, кој во земјата е обвинет за организирање на неуспешниот државен удар од 2016 година.
Приемот на нордиските земји треба да биде одобрен од парламентите на сите 30 земји членки на НАТО, а турскиот Парламент би можел да одбие да го ратификува договорот.
Турција ги обвинува двете земји дека се премногу попустливи кон групите што ги смета за закани за својата национална безбедност.