Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пречека поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов со две турски знамиња, наместо со турско и бугарско.

На тоа се налути европратеникот Ангел Џамбаски кој му забележа на Борисов дека дозволил да биде пречекан со две турски и ниту едно бугарско знаме во неговата резиденција.

Според потпретседателот на бугарското ВМРО, додека поголемиот дел од бугарските политичари гледаат кон Запад пред новите парламентарни избори, Борисов отишол „да му ја бакне раката на Султанот“.

Овој месец во Бугарија се одржуваат нови парламентарни избори откако по првите не беше составена Влада. Овој пат прогнозите велат дека ГЕРБ нема да биде партијата што ќе освои најмногу гласови.