Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Белград предупреди дека Русија не треба да се потценува и оцени дека некои западни земји водат политика на провокација која не може да донесе резултати. На прашањето кој е виновен за тешката енергетска ситуација во Европа и како да се надмине таа ситуација, Ердоган рече дека Турција секогаш водела балансирана политика кон Русија и Украина и ќе продолжи да го прави тоа, пренесува „Танјуг“.
„Не морам да споменувам имиња, но има неколку земји на Запад чиј пристап веруваме дека не е точен. Тие водат политика заснована на поттикнување. Кога водите политика на провокација, не можете да постигнете резултати, рече турскиот претседател во резиденцијата на прес-конференција во тридневната посета на регионот.
Според него, грешат оние кои ја потценуваат Русија. Русија престана да испорачува гас и цената на гасот се зголеми, а сега сите се обидуваат да најдат начини да ја преживеат зимата. Русија има важен адут во своите раце и никој претходно не размислуваше за тоа, предупреди Ердоган.
Според него, не може да се именува победник од таа војна бидејќи нема, има само голем број на губитници. Тој рече и дека не гледа како е можно војната наскоро да заврши. Турскиот претседател рече дека не се гледаат резултати од приказните на оние кои велат дека со голема сума пари ја поддржале Украина.
Во врска со испораката на муниција и оружје, Ердоган рече дека тоа се остатоци кои Западот ги испраќа. Тој изрази надеж дека ќе се дојде до решение и војната ќе заврши, а по нејзиниот крај светот повторно ќе живее во мир.