Авионите за гаснење на пожари не се сервисирани ни лани ни оваа година. Денес очекуваме да се сретнеме со операторите, а до петок да постигнеме договор со некој од нив, за да се изврши сервисот“, изјави за НоваТВ, директорот на Дирекцијата за спасување Беким Максути.

На прашањето на НоваТВ, зошто се изгубило толку време за избор на некој од шесте оператори колку што се вкупно во Европа, за сервисирање на овие летала, Максути изјави дека забавеноста се должи на тоа што некои од нив повеќекратно ја зголемиле цената за услугата дури за 40% па истата стигнала до околу милион евра за трите ертрактори.