Иако авионите „ЕрТрактор“ наменети за гаснење на пожари, две години не летаат бидејќи не се сервисирани, тоа не било пречка Дирекцијата за заштита и спасување уште во мај годинава обезбедила гориво за нив, обајви Алсат.
Како што објави оваа телевизија, иако се знаело дека во наредните неколку месеци авионите нема да може да летаат. Договорот за набавка на млазно гориво е склучен на 5 мај, вреден 50 илјади евра. Покрај купеното гориво, за трите авиони лани е склучен договор за осигурување во вредност од близу 200 илјади евра кое истекува во септември годинава. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вели дека овие набавки биле неопходни, иако станува збор за многу побрзи и поедноставни постапки од склучување договор за сервисирање на авионите.