Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и поради ветерот се ширеше со голема брзина кон селото, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Пожарот, како што нагласи Ангелов веќе не претставува опасност за селото, благодарение на пожарникарите од Ресен кои се на лице место но и на локалното население кое дава поддршка.

„Пред малку започна да дејствува еден „ер трактор“ на ДЗС а набргу ќе му се придружи и вториот. „Ер тракторот“ ја пресече линијата на огнот и им помага на силите кои гаснат од земја, да воспостават целосно контрола врз овој тежок пожар кој се закануваше врз неколку села“, подвлече Ангелов./Макфакс

Текстот „Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов е превземен од МАКФАКС.