Епидемијата на Ковид-19 во Италија е во фаза на благ пад, изјави претседателот на Високиот државен институт за здравство, Силвио Брусаферо.
Во последните 24 часа се потврдени 14.000 новозаразени со коронавирусот и 505 починати.
Авион со 160 Италијанци од Англија слета на аеродромот во Рим, кои биле блокирани затоа што европските земји превентивно го прекинаа сообраќајот со Островот со цел да се заштитат од новиот вид на коронавирус што се појави во Англија.
Патниците, наместо роднини, ги дочекале полицајци.
Имено, сите патници на аеродромот биле тестирани за Ковид-19, а потоа биле пуштени дома со обврска да го повторат тестот по седум дена.
Во Италија пристигнале камиони со првите дози на вакцината против коронавирусот на „Фајзер“, која била доставена од Белгија, каде што е произведена.
Првите пациенти ќе бидат вакцинирани на 27 декември, денот кој е договорен за симболичен почеток на вакцинацијата во сите земји на Европската унија.