Во второто полуфинале вечерва на Европско првенство во женска сениорска конкуренција репрезентацијата на Норвешка со резултат 27:24 славеше против Данска.
Најдобрите дански ракометарки не успеаја да ја задржат предноста од три голови предност која ја имаа после завршувањето на првото полувреме (13:10).
Нора Мерк беше најрасположена во победничките редови со шест голови, а во поразениот состав Миа Реј запиша седум погодоци.
Норвежанките го обезбедија своето 11 финале на континенанталните собири и в недела во Хернинг од 18.00 часот ќе играат против Франција за златниот медал. Норвешка е најтрофејна во историјата, в недела ќе ја брка осмата европска титула, а Французинките во нивното второ финале (по ред) ќе се обидат да останат на тронот.
Претходно од 15.30 часот за третото место силите ќе ги одмерат селекциите на Хрватска и Данска. Хрватките за првпат се во Топ 4 и се борат за медал на ЕП, а Данска двапати беше поразена (2010 и 2016 година) во мечевите за бронзата.
ЕП: Го имаме првиот финалист, Франција пресилна за Хрватска!