Вечерва во рамките од 20 коло во најсилното шпанско првенство составот на Леванте дома ремизираше (2:2) против екипата на Ваљадолид.
Во домашниот тим после скоро три месеци отсуство од терените, кам-бек направи македонскиот репрезентативец Енис Барди кој досега се опоравуваше од повредата на `рбетот.
Нашиот играч настапи од 84 минута како замена за Мирамон, а пред неговото влегување беа реализирани сите голови на мечот.
Во 62 минута предност за Леванте донесе Гомез, а потоа за период од пет минути гостите направија целосен пресврт преку Алкараз и Плано. Конечниот епилог го постави Рожер во 83 минута после асистенцијата на Радоја.
На табелата Леванте е на 10 место со 23 бодови, додека три помалку има Ваљадолид на 15 позиција.
Да додадеме уште дека Барди својот последен натпревар во „Ла Лига“ го имаше на 8 ноември минатата година во ремито со Алавес (1:1). Значи, ова беше вкупно деветти настап во шампионатот, без досега ниту еден реализиран погодок сезонава..
Кралски куп: Димитриевски против Меси, Барди го доби Ваљадолид