Очигледно работите стануваат сериозни меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек – но нејзините деца секогаш ќе останат нејзин приоритет број еден, велат извори блиски до поп дивата.
Имено, таа и нејзината стара холивудска љубов Бен Афлек поминуваат се повеќе време заедно и се зближуваат.
„Таа треба да се осигури дека ги зема предвид нејзините деца“, рече изворот за Лопез, која со нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони ги има 13-годишни близнаци, Еме и Максимилијан. „Тие се нејзин приоритет“, додал изворот пренесува „Page Six“.
Друг извор вели дека Џеј Ло и Афлек кои беа заедно од 2002 до 2004 година сега се повеќе од „стара љубов“, откако поминале време заедно во Монтана и Мајами и беа забележани на пријатен состанок оваа недела во Холивуд.
„Таа има 51 година и отсекогаш ѝ давала значење на хемијата“, вели инсајдер. „Таа се прашува колку пати може да „удри гром“. Се чувствува како тој да пораснал откако биле заедно“.
Афлек, од друга страна, очигледно ги става своите деца високо на својата приоритетна листа.
Тој беше фотографиран во Лос Анџелес за време на викендот, поминувајќи време со 12-годишната ќерка Серафина и 9-годишниот син Самуел. Афлек исто така ја дели и 15-годишната ќерка Виолет со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
Афлек за прв пат беше забележан како оди во домот на Лопез во април, набргу откако Џенифер Лопез официјално се раздели со Алекс Родригез.
ФОТО | Бенифер се враќа: Дали новите фотографии се доволен доказ дека се повторно заедно?
Во мај, Бенифер патуваа во ултра-ексклузивниот клуб „Yellowstone“ во Монтана.
Џенифер Лопез и Бен Афлек „фатени“ заедно во Монтана: Дали „Бенифер“ се враќа по 17 години?
Оттогаш тие беа забележани како поминуваат време заедно во Мајами, уживајќи во сонцето и во теретана. Извор за „Page Six“ потврди дека биле видени како се бакнуваат меѓу сесии за вежбање и дека тие биле премногу „блиски и многу вљубени“.