Џенифер Лопез ќе глуми жена убиец во претстојниот филм на „Netflix“ насловен „The Mother“ во кој ќе се појави и како ко-продуцент.

Ники Каро кој неодамна го предводеше римејкот „Mulan“ на „Disney“ е во преговори за улогата на режисер.

EPA EFE
EPA/NINA PROMMER

Во филмот „The Mother“, Лопез ќе се појави во улога на професионален убиец, која излегува од „скривалиштето“ за да ја заштити својата ќерка која ја напуштила пред многу години.

Креаторката на „Lovecraft Country“, Миша Грин го пишува сценариото со ревизии на Андреа Берллоф.

Лопез има бројни филмови зад себе, вклучувајќи ја и криминалистичката драма „The Godmother“, „Shotgun Wedding“, „Second Act“, „Hustlers“ и многу други.