На актерката Џенифер Гарнер наводно не ѝ пречело Џенифер Лопез и Бен Афлек да бидат повторно заедно.

Според извор на „Entertainment Tonight“, поранешната сопруга на Бен, Џенифер Гарнер, рекла дека нема никаков проблем со тоа доколку тој реши да се смири со неговата поранешната свршеница Џенифер Лопез, или со која било друга, бидејќи таа сакала што е најдобро за него.

epa-efe
EPA/NINA PROMMER

Најважно ѝ Бен да биде одличен татко. Веќе некое време се согласуваат добро кога станува збор за заедничкото родителство, а среќата на нивните деца е главен приоритет за Гарнер“, рекол изворот.

Гарнер и Афлек се венчаа една година откако тој и Лопез ја раскинаа свршувачката во 2004 година. Тие ги имаат 15-годишната ќерка Виолет, 12-годишната Серафина и 9-годишниот син Самуел. Поранешниот пар официјално се раздели во 2015 година.

Instagram
Instagram

Минатата недела беше откриено дека по неодамнешното раскинување на веридбата и разделбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез, пејачката повторно се дружи со нејзиниот поранешен свршеник Афлек.

Џенифер Лопез и Бен Афлек: Дали старата љубов повторно се разгорува?

Во петокот, „Page Six“ објави фотографии од актерот во бел џип, наводно, сопственост на Џенифер Лопез.

„Осигурувањето го зеде на локација во близина на куќата и го врати по неколкучасовно дружење“, рекол изворот.