Без оглед на тоа колку успешна кариера имале и колку деца родиле, жените, особено во Холивуд,
се очекува да изгледаат како тинејџери. За тоа проговори 48-годишната актерка Џенифер Гарнер.
Во подкастот „Happy Mum, Happy Baby“, актерката зборуваше за трите бремености и за трансформацијата на нејзиното тело. Гарнер ѝ рече на водителката дека телата на некои жени едноставно „веднаш се враќаат во нормала“ откако ќе добијат деца, но таа не е една од нив.
„Постојат неколку неверојатни жени чии тела, без разлика колку и деца да имаат, веднаш се враќаат во форма со тенки колкови и рамен стомак. Тоа е неверојатно. Имам многу пријателки кои се така градени, многу сум среќна за нив. Но јас не сум од нив“, објасни Џенифер.
Актерката со поранешниот сопруг Бен Афлек има три деца – двете ќерки Виолет Ана (15), Серафина Роуз Елизабет (12) и синот Самуел Гарнер (9).
„Можам да вежбам, да бидам многу фит, но пак ќе изгледам како жена што родила три деца… Секогаш ќе изгледам така“, додаде таа.
Гарнер вели дека сè уште ѝ поставуваат непријатни прашања. Како што тврди, сè уште се соочува со гласини дека можеби е повторно бремена – сето тоа поради нејзиниот физички изглед…