Бугарскиот дипломат и политички аналитичар, Велизар Енчев смета дека Софија треба да го повлече својот амбасадот од Скопје по палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал затоа што протестните ноти не вршат работа.

Енчев потсетува дека ова е второ палење на бугарското знаме, на кои властите постапуваат несоодветно.

„Прваата ровокација  беше од активисти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тој факт беше изговор за властите. Но, тогашното ветување на МНР на Република Северна Македонија за строго казнување на сторителите се покажа како блеф, бидејќи на сторителите не им беше изречена ниту административна парична глоба“, вели Енчев за сајтот „Епицентар.бг“.

Тој верува дека палењето на бугарското знаме во Вевчани, ќе биде заобиколен од властите, кои со својата неактивност поттикнуваат антибугарски злодела.

Според него, провокативните активности од Скопје покажуваат дека бугарското вето било оправдано.

„Дури и за слепите и глувите на Балканот, веќе е јасно – во Република Северна Македонија има толку силни и трајни антибугарски чувства што ниту еден договор за пријателство не може да ги смири“, вели Енчев и додава дека бугарската влада не треба да чека пијани толпи да ја нападнат бугарската амбасада во Скопје, за да го повлечат амбасадорот.