Славната актерка во интервју за „Сан“ се осврна на големата количина злобни коментари кои ги читала за себе на социјалните мрежи особено по снимањето на филмот „Клетници“ и како тоа влијаело на неа.
Ен Хатавеј како сериозна актерка кога ја добила улогата во екранизацијата „Клетници“, делото од Виктор Иго, за да биде што поавтентична во глумење на ликот Фантин, прифатила сè што треба да го смени својот изглед. Тоа значеше бричење на главата и губење на 12 килограми телесна маса. Иако за филмот доби пофалби од филмските професионалци, а подоцна и многу награди, таа пребарувајќи го своето име на интернет открила непријатни коментари и била непријатно изненадена кога прочитала дека не ја сакаат затоа што е „здодевна“, „антипатична“ и др.
Омразата на интернет не прекинувала, а денес Ен Хатавеј тврди дека токму тој бран на негативност ја направил посилна и наместо да се сожалува и падне во депресија, сфатила дека мора да биде силна и да престане да верува во злобните коментари. Но, од друга страна таа признава дека добивањето Оскар за таа улога не ја направило среќна.
– Треба да бидете среќна, но јас не се чувствував така. Ми беше непријатно што стојам таму во фустан кој чини многу повеќе од тоа што можат многу луѓе да го заработат во текот на целиот живот и добив награда за глумење болка која сè уште е многу присутна во нашето заедничко живеење – изјави Ен и сепак додаде дека изразот „умрев од срам“ е баш само тоа – израз, а животот продолжува да тече.
Ен Хатавеј со своите проблеми полесно се соочува со помош на сопругот Адам Шулман за кој се омажи пред да почне со снимање на „Клетници“. Со него актерката се запозна во 2008 година, во тек на филмскиот фестивал во Палм Спрингс, а по неколку минути разговор се создала неверојатна хемија.
– Од првиот миг знаев дека тој е личноста со која ќе го поминам животот, љубовта на мојот живот и веднаш бев подготвена за венчавка – одговори тогаш Ен, на прашање како знаела дека Адам е вистинскиот.
Тие се венчаа во септември 2012 година, а денес се среќни родители на два сина, Џонатан и Џек, а откако се случи ковид пандемијата за неа тоа значеше нов предизвик.
– Не сум совршен родител и тоа го знам, но се трудам секогаш да разговарам со смирен тон со децата, колку и да е тешко. Ми рекоа дека кога ќе имам свои деца помалку ќе се окупрам со работата, но јас сè уште си ја сакам работата, иако секоја разделба со децата не ми е баш пријатна – вели таа и додава дека откако останале во локдаун за неа најголем проблем било перењето алишта.
Освен семејството за Ен многу важни се и пријателите.
– Моите најдолги пријателства се уште од детството, кога имав пет години. Постојано одржувам контакт со пријателите и се трудам да ги видам барем 2-3 пати годишно.
Последниот филм во кој Ен се појавува е „Заклучени“ заедно со Чиветел Еџиофор, а зборува за брачна двојка која поради пандемија ќе остане во локдаун и секој на свој начин различно го поднесува тоа, до денот кога ќе добијат задача да украдат скапоцен дијамант продавница за дијаманти. Снимањето со оглед на целата ситуација која реално се случува за неа било многу чудно искуство. Имено Ен вели дека била многу нервозна дека треба да ја трга маската во периодот кога во САД забрзано растеа бројките на заразени со корона-вирус.
– Застрашувачки беше да мора секој ден да се симне маската, а истовремено бев воодушевена колку строго сите се придржуваа до епидемиолошките мерки без разлика на условите во кои работевме – изјави актерката.