Долго време се шпекулираше дека познатата пејачка Емина Јаховиќ не е во добри односи со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, но дури сега откри дека овие тврдења се точни и дека се обидувала да го убеди таткото на своите деца да плаќа алиментација и да ги исполнува своите родителски обврски 26 месеци, наведува „Story“.
„Се разведов од Мустафа во 2018 година, а потоа потпишавме договор пред судот во кој прифаќаме заеднички обврски, вклучувајќи здравствено осигурување и алиментација за нашите деца. Сепак, кратко време по разводот, сите обврски паднаа на мене“, изјави Емина Јаховиќ за турските медиуми, пренесува споменатиот магазин.
„Требаше да купи куќа во Белград, но и тоа не го стори. Имавме и договор за покривање на приватното здравствено осигурување на нашите деца и плаќање на трошоците за нивните патувања и летни одмори. Тој не исполни ништо од тоа. Денот кога се чувствував најлошо беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека нивното осигурување не е платено. Иако е наведено како негова обврска во нашиот договор за развод, Мустафа не ја плати ниту киријата, ниту платата на мојот возач. Јас не сум личност што би го нападнала Мустафа за вакво поради љубомора или опсесија. Напротив, бидејќи тој е татко на моите деца, јас сум свесна дека нашата врска ќе мора да трае вечно“, изјави таа за турските медиуми, додавајќи дека повеќе не сака да страда додека на таткото на нејзините деца ги игнорира должностите.
„Таа наведува дека информацијата дека се превземени средства од неговата банкарска сметка, како и дека му биле одземени скапоцености, едноставно не се точни. Поминаа 32 месеци откако се разведовме, а тој не плаќа алиментација веќе 26 месеци“, изјави Емина