Пејачката Емина Јаховиќ на својот инстаграм – профил објави дека таа и членовите на нејзиното семејство го победиле коронавирусот по долги две недели.
По долги 15 дена, пејачката доби негативен резултат од тестот, а во својата објава изјави дека целото нејзино семејство сѐ уште се опоравува.
„По долги 15 дена борба против вирусот, сите сме негативни на ковид-19. Резултатите се добри, но закрепнувањето сè уште трае и е бавно. Ви благодарам на сите што се грижите. Останете здрави“, напиша пејачката на својот инстаграм – профил
Пред неколку дена, Емина објави видео во кое зборува за коронавирусот и апелира до своите фанови да внимаваат.
„Никогаш не размислував за тоа колку се важни сетилота за мирис и вкус. И колку сме среќни само затоа што сме здрави. Не мислам дека ова е вирус, тоа е отров. Ова е целосно лудило. Болеста не е воопшто лесна, затоа ве молам сфатете ја сериозно колку што можете повеќе“, изјави тогаш пејачката.