Ема Вотсон по долго молчење на социјалните мрежи, прозборе за гласините кои кружеа за неа…
Познатата актерка проговори за гласините за нејзината свршувачка: Ветувам дека ќе ти кажам
„Почитувани обожаватели, гласините за мојата свршувачка и паузата од глума се само начини да привлечат кликови, без разлика дали се точни или не“, напиша таа во својот прв пост на „Твитер“ од.
„Ако имам новости, ветувам дека ќе ги споделам со вас“, додаде таа.
„Во меѓувреме, ве молам, претпоставувајте дека нема новости, туку дека и времето за време на пандемијата го поминувам како и повеќето луѓе – не успевам да испечам леб со кисело тесто, се грижам за драги луѓе и се обидувам да не го ширам вирусот што сè уште се заканува“, напиша Ема.
Dear Fans,
Rumours about whether I’m engaged or not, or whether my career is “dormant or not” are ways to create clicks each time they are revealed to be true or untrue.— Emma Watson (@EmmaWatson) May 17, 2021
„Ви испраќам многу љубов и се надевам дека сте добро и исто толку среќни колку што можете да бидете во овие чудни времиња. И повторно, им благодарам на сите што напорно работат за да не одржат безбедни и здрави“, додаде Вотсон.
I am sending so much love to you, hoping you’re ok and as well and happy as you can be in these strange times. And again, thank you to everyone working so hard to keep us safe and well.
E
Xx— Emma Watson (@EmmaWatson) May 17, 2021
Приказната дека Ема се верила со нејзиното момче Лео Робинтон кружи на Интернет веќе некое време, но сега актерката ги демантираше тие гласини.
Сепак, таа се откажа од актерството, барем на некое време. Нејзиниот агент го изјави ова на почетокот на годината, а причината за тоа, тврди тој, е нејзината желба да помине повеќе време со Робинтон, со кого е во врска нешто помалку од две години.