Актерката Ема Стоун (31) е бремена и со нејзиниот партнер Дејв МекКери (35) го очекуваат своето прво дете, пишува „Us Weekly“.
„Се чини дека е многу среќна и многу возбудена што ќе стане мајка… Изгледа одлично, изгледа здраво, едноставно блеска“, изјавил извор близок до актерката.
„Таа комуницира со пријателите и работи, останува активна и секојдневно вежба“, додал изворот.
Американските медиуми ја забележаа Ема Стоун со трудничко стомаче за време на прошетка со пријателка во Лос Анџелес на 30 декември и оттогаш не престана да се пишува за неа.
Ѕвездата на „La La Land“ веќе неколку години е во љубовна врска со писателот и режисер на сегменти на „Sutarday Night Live“. Тие ја објавија својата веридба во 2018 година. А МекКери ја објави веста на својот инстаграм – профил во декември 2019 година.
За двојката се шпекулираше дека се венчале во мај кога актерката го замени својот дијамантски прстен за прстен што наликува на венчален прстен. Но, ниту Ема ниту Дејв не ги потврдија гласините.