Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе испрати експерти во Русија во април за да ги проверат клиничките испитувања и производството на вакцината против коронавирус Спутник В.

Според раководителот на одделот за закани по здравјето и стратегија за вакцинација Марко Кавалери, слична инспекција моментално се спроведува и за германската Кјурвак и американската Новавакс.

Агенцијата ќе ги разгледа сите собрани податоци за да се овозможи побрза употреба на вакцината. Инспекцијата во Русија во април ќе ги опфати и производствените и клиничките испитувања.

– Тогаш ќе се обидеме да откриеме колку време ќе биде потребно за да ги добиеме сите податоци потребни за евентуално одобрување на оваа вакцина“ рече Кавалеро во изјава за италијанската телевизија „Раи 3“.

Во саботата, гувернерот на Лацио, Никола Ѕингарети, соопшти дека во следните денови ќе потпише договор за спроведување на научни испитувања на Спутник V во Националниот институт за заразни болести Лазаро Спаланцани во Рим.

Директорот на институтот Франческо Ваја рече дека Центарот Гамалеја ќе испрати тројца вработени заедно да ја проучат ефекасноста на руската вакцина против различните варијанти на коронавирусот.

Европската агенција за лекови започна со тестирање на вакцината на 4 март, а познавачите на процесот тврдат дека таа може конечно да биде одобрена во мај.