Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба на вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна за лица постари од 18 години.

– Вакцината на Модерна е безбедна и ефикасна, објави ЕМА на Твитер.

Европска комисија соопшти дека следен чекор е одобрување за ставање во промет на вакцината во Европска Унија.

Во ЕУ досега е одобрен вакцината на Фајзер и БиоНтек, а имунизацијата на населениет почна на крајот на декември 2020 година.