Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека податоците во врска со вакцините и лековите против новиот коронавирус биле цел на сајбер напади во текот на овој месец. Во соопштението се додава дека податоците протекле само од една апликација.

Европското регулаторно тело ЕМА вчера ја препорача вакцината против ковид-19 од фармацевтските компании „Фајзер“ и „БајонТек“, по што Европската Комисија издаде одобрение за нејзино ставање во промет.

Тоа е прва вакцина против ковид-19 што е одобрена за употреба во Европската Унија.