Пејачот Елтон Џон во минатото имал голем проблем со алкохолизмот, но дури и денес оди на состаноци за анонимни алкохоличари. Тоа музичарот го призна гостувајќи во подкастот на Меган Маркл и Принцот Хари.

Јас сум човек кој закрепнува од алкохол и секоја недела имам состанок со анонимни алкохоличари од својот дом“, изјави музичарот, кој за таа прилика ја користи апликацијата „Zoom“, бидејќи сега е во тек пандемијата на коронавирусот.

EPA EFE
Фото: EPA

Таму сум поврзан со моите пријатели кои ги познавам повеќе од 30 години низ оваа програма (закрепнување од алкохолизмот) и тоа е одлично“, изјави Џон.

Да не постоеше апликацијата „Zoom“, не знам што би правеле. Не знам. „Zoom“ ни ги спаси животите“, изјави музичарот кој потврди дека не вкусил алкохол повеќе од 30 години.

Преземено од Еспресо.мк