Елмас и Треневски соработуваа во Работнички од каде како што е познато Елиф направи трансфер во Фенербахче. Треневски верува дека Елмас може да биде новиот лидер и да го наследи Горан Пандев во репрезентацијата.
„После ‘гранде Пандев’, Елиф е тој што мора да ја преземе лидерската улога во македонската репрезентација. Сепак, за такво нешто, за да стане лидер, ќе мора многу да работи, ама и ќе треба време. Јас се надевам дека Македoнија ќе продолжи со позитивните резултати и дека тие ќе зависат од тимот, а не од индивидуалецот и Италија е најдобар доказ за тоа“, вели Треневски.
Каков играч е Елиф?
„На ова не можам да ви дадам конкретен одговор. Во фудбалот денес има многу „дијаманти“, но од нив само неколку ќе станат ѕвезди. Елмас е на вистинско место, нема подобро место за него од Наполи и стадионот „Диего Марадона“, изјави Треневски.
Кога во прашање е тренерската смена во Наполи Треневски смета дека Спалети повеќе ќе му одговара на македонскиот репрезентативец.
Ќе потсетиме сезоната во Серија А за Елмас одлично започна, постигна гол во првото коло во кое Наполи ја победи Венеција со 2:1.