Харви Елиот е отпуштен од болница во Лидс и е на пат кон дома. Сепак, ќе мора да направи операција на глуждот.

Фудбалерот на Ливерпул, Харви Елиот се здоби со тешка повреда на патот кон Лидс, клубот потврди дека се работи за истегнување на скочниот зглоб за кое сеуште е потребна операција.

По контактот со Паскал Страјк, Елиот остана на земја, а реакцијата на сите на теренот и до теренот веднаш посочи дека работите не се сјајни. Тинејџерот од Ливерпул веднаш беше пренесен во градската болница во Лидс, придружуван од клупски лекар, а по првите прегледи во неделата вечерта, беше пуштен дома чекајќи операција.

Нема точен датум за кој била закажана операцијата, но Џејмс Пирс од Атлетик наведува дека неговите наоди сугерираат дека тоа ќе се случи во вторник.

Веднаш по натпреварот, Јирген Клоп изјави дека ситуацијата не е добра и дека се работи за истегнување на глуждот, и дека докторот успеал да ја врати ногата во својата природна положба пред да замине во болница.

Менаџерот на Лидс, Марсело Бијелс, исто така, коментираше што се случи:

„Паскал тргна по топката, но ми се чини дека некои движења што ги направи со остатокот од телото при самото зафаќање на топката, го натераа да го погоди Елиот. Прилично сум сигурен дека тој не сакаше тоа да се случи. Сигурно е јасно дека тој можеби претерал и тоа доведе до судир и повреда. Исклучително ми е жал што се случи ова, тој е толку млад играч и игра на многу високо ниво, а сега тоа е запрено, се надевам дека ќе може да се врати што е можно поскоро“, рече Бијелса.