На прашањето на кого го потсетува Елиф Елмас, Виктор Треневски поранешен тренер на Работнички, каде Елмас играше на свои 17 години изјави:
-Ме потсетува на некоја мешавина меѓу Савичевиќ, Хамшик и Сон.
Тренервски беше тренер на Работнички кога Елмас почна да се развива. Токму од Работнички направи трансфер во Фенербахче, а од таму во Наполи. Останатото е познато.
Токму поради тоа што му бил тренер во Работнички, Виктор Треневски стана интересен за италијанските медиуми. Му направија интервју по прекрасниот гол на Елмас против Парма кога се прошета низ одбраната и постигна гол.
Меѓудругото, Треневски за Елмас вели:
Едноставно, мислев дека тој ќе биде еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал заедно со Дарко Панчев и Горан Пандев, и тоа го кажав пред 5 години. Елиф е причината што дојдов да бидам тренер на Работнички. Кога го лансирав во првиот тим тоа беше отскочна даска и за него, но и за мене.
loading…