Kандидатот за градоначалник на СДСМ за Тетово Хамдија Елезовиќ одржа прес-конференција на која ги претстави насоките на дејствување и понудата за проекти. Голем дел од заложбите се насочени кон подобра инфраструктура.

– За конечно акцентирање на деценискиот проблем со јавната чистота во градот, предвидуваме изградба на регионална депонија. Овој подвиг ќе го реши проблемот со сметот, ќе овозможи дислокација на постојната претоварна станица, а и ќе ги намали трошоците на комуналното претпријатие. За креирање на одржлив град, ќе помогне гасификацијата. Процесот е од круцијално значење како за домаќинствата, така и за индустријата во Тетово. Овој проект претставува голем чекор во решавање на проблемот со загадувањето на воздухот. Формирање на јавно претпријатие „Градски гробишта“ ќе помогне во систематско решавање на проблемот со градските гробишта во Тетово и помагање на локалната економија. Образованието е еден елементарен услов за напредок, не само на општината, туку и на државата. Изградба на објект за гимназијата Кирил Пејчиновиќ – Тетово, ќе го реши проблемот кој се провлекува низ генерации и генерации запишани во ова училиште, истакна Елезовиќ.

Кандидатот потенцираше дека Тетово како град со длабока културна и еснафска историја, време е да добие шеталиште.

– Овој најобемен проект, опфаќа реализација на парк долж двете страни на реката пена, ревитализација на стариот дел од градот, реконструкција на старата тетовска архитектура и стимулирање на бизниси чија дејност е типичен белег на автентично Тетово, рече кандидатот за градоначалник.

Д-р Елезовиќ потенцира дека СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена.

– Како како човек, посветен на работата и како човек кој не бил вклучен до сега во политиката ќе понуди  доверба, чесен, искрен и домаќин. Како човек од народот, подготвен сум да бидам и човек за народот и со реални проекти, да ги решиме вистинските и основните проблеми на граѓаните. Јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава. А, од другата страна демне огромна неизвесност, ризик, опасност и закана. Вие одлучувате. Со вашиот глас избирате заедништво и развој, наспроти поделби и заробена држава,рече Елезовиќ на прес-конференцијата.