Два силни земјотреса ја погодија Хрватска утрово. Првиот со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала се случи околу 6:30 часот, а подоцна околу 7:50 часот, земјата повторно се тресеше со интензитет од 4,9 степени.

На социјалните мрежи се огласи и нашата позната актерка Јелена Јованова Периќ која со своето семејство живее во Загреб.

„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок! Браво ја! Значи доста е! Доста! П.С. Добро сме! Фала ви луѓе!“

Во март месец оваа година Јелена се соочи со иста ситуација кога Загреб беше погоден од силен земјотрес, а таа тогаш беше во поодмината бременост со веќе родениот син Јаков.

Преземено од Еспресо.мк