Српската пејачка Јелена Карлеуша (42) која е член на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше тема на разговор за тоа колку пластични операции има направено на себе.
Гостинка беше и Гоца Божиновска (55), а Јелена ја пофали како изгледа, на што се надоврза Саша Поповиќ кој ја праша Гоца какви се операции направила на себе.
– Велите дека не сте направиле радикални операции, а тоа значи дека сепак сте направиле некаква интервенција – рече Саша. Но, Гоца не сакаше да зборува за тоа.
„Жената не старее, луѓе“, прокоментира Јелена.
Сепак, тема на дискусија беше изгледот на Јелена Карлеуша.
– А што правеше? – ѝ се обрати потоа Поповиќ на Карлеуша – Мислам дека тоа сите нѐ интересира, не само во Србија, туку и пошироко. Ајде да слушнеме какви корекции направила Јелена Карлеуша на своето тело – ја праша тој.
– Никогаш не направив ништо на моето лице, само на градите. Многумина сметаат дека мојот задник не е вистински. Те молам, Ана, кажи им како ми се зголемува кога се поправам и ми се намали откако ослабев – одговори Јелена обраќајќи ѝ се на Ана Бекута.
– Како што ослабе, така ослабе и нејзиниот задник. Тоа е доказ дека таа не сторила ништо – се стави во одбрана на Карлеуша Бекута.
– Штом заработам пари, ќе одам до крај за да се оперирам. Секако сите мислат дека сум пластична”, се пошегува на крај Јелена на своја сметка.
Погледнете во продолжение како изгледала Јелена на почетокот на кариерата.
Ова е нејзиниот прв јавен настап.
и едно од нејзините први интервјуа: