Српската пејачка Јелена Карлеуша е позната по тоа што нема проблем да си го каже своето мислење на која било тема…
Имено, 42-годишната Карлеуша вели дека ѝ смета што сите се воодушевуваат и ја фалат пејачката и актерка Џенифер Лопез кога се соблекува и објавува фотографии на кои е гола, а нејзе ја судат, пишува „24 сата“.
„Сите сте лицемери. Да не зборувам за тоа дека сум далеку подобра „риба“ од Џенифер Лопез, а и десет години помлада. Сè што е странско ни е врвно, а нашето го плукаме… Кој ли знае во која дупка на животот би била кога би слушала што има да ми каже Балканот“, вели лутата Карлеуша.
Таа додава дека всушност е најдобро облечена на сцената, дури и кога е гола.
„Јас сум најдобрата мачка на овие простори. А што мисли мнозинството за мене е исто толку важно како и резултатите од изборите во Боцвана во Африка! И да, сосема е небитно дали имам 20, 30, 40 или 150 години… Не ме интересираат тие бројки и тие параметри“, вели пејачката.
Инаку, оваа реакција доаѓа откако медиумите ја обвинија Калеуша дека ја копирала Џенифер Лопез во облекувањето.
Додека таа се расправа со обожавателите и „хејтерите“, нејзиниот брак со фудбалерот Душко Тошиќ сè уште е под знак прашалник. Иако и двајцата негираат дека имаат проблеми во бракот, Душко игра во Турција, а таа со своите ќерки Атина и Ника е во Белград.
Јелена често истакна дека нејзините ќерки се прекрасно воспитани, имаат одлични оценки во училиште и се примерни.
„Дома јас сум мајка, не сум во сценски костум. Тоа што јас имам своја работа нема никаква врска со тоа каква мајка сум, ниту пак тоа ме одредува. Можам само да кажам дека моите девојки се гордеат со мене “, рече таа.