Министерот за финансии на САД, Џенет Јелен, денеска предупреди дека долготрајните разидувања во економската активност во разни земји се закана за глобалната економска обнова, и ги повика најголемите економии за издвојување значајни дополнителни фискални средства за поддршка за обезбедување одржлива обнова.
Во обраќањето кон раководните комитети на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, а во рамките на Пролетната сесија на ММФ, Јелен ја истакна неопходноста од продолжување на поддршката за најсиромашните земји во борба со пандемијта, климатските промени и високото ниво на долгови.
Таа ја повика Светската банка да ги помогне земјите во развој и да обезбеди навремен пристап до вакцините против Ковид-19.
Изјави дека САД поддржуват убрзани разговори за фондот да се зголеми со Асоцијација за развој на најсиромашните земји.