Најмалку 10 лица се повредени во денешната експлозија во хемиска фабрика во Кочевје, Словенија, а властите ги повикаа локалните жители во близина на објектот да не ги напуштаат становите.
Експлозијата во хемиската фабрика Меламин била пријавена околу 8.30 часот. Засега не е познато што ја предизвикало.
Кочевје, град на околу 55 километри југоисточно од Љубљана, има околу 8.000 жители.
„Ги советуваме жителите во околината да ги затвораат прозорците и да не излегуваат надвор за време на интервенцијата. Исто така, не треба да се приближуваат до местото на несреќата“, соопшти локалната полиција, пренесе регионалната телевизија Н1.
Се наведува дека е свикан итен состанок на локалниот совет за вонредни прашања, а пожарникарите и другите служби за итни случаи веднаш се упатиле кон фабриката Меламин. Фабриката има околу 200 вработени.
Ekipa N1 je v Kočevju, kjer je zjutraj v kemični tovarni Melamin odjeknila močna eksplozija. Zrak je nasičen s črnim in gostim dimom. pic.twitter.com/aJz0LPSrtg
— N1 Slovenija (@n1slovenija) May 12, 2022