Холандската полиција денеска, 3 март, соопшти дека центарот за тестирање на вирусот корона северно од Амстердам, наводно, намерно бил цел на напад – имало експлозија на местото пред да се отвори центарот за тестирање, објави Ројтерс.
Експлозијата во градот Бовенкарспел, 55 километри северно од главниот град, скрши прозорци, и, за среќа, нема поврдени луѓе, се вели во соопштението на полицијата од провинцијата Северна Холандија.
– Advertisement –
„Металните остатоци од експлозивната направа, со димензии околу 10 см на 10 см, беа пронајдени на предниот дел од зградата и „мораше да бидат поставени таму. Сè уште не знаеме што точно експлодира, експертите за експлозиви мора прво да го испитаат тоа. Нешто такво не се случува случајно, туку мора некој да го постави“, изјави за Ројтерс портпаролот на полицијата Мено Хартенберг.