Како што информираат од МВР, на 02.05.2021 во 04:00 часот било пријавено дека во Скопје, на улица „Методија Митевски”, со експлозивна направа биле оштетени стакла од неколку дуќани. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.