Неколку лица се повредени и пренесени во болница по експлозија на бензинска пумпа во Донегал, Ирска, соопштија официјални лица.
Експлозијата се случи денеска на бензинската пумпа „Еплгрин“ на периферијата на селото Крислау, кое е на околу 25 километри од градот Летеркени.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат голема дупка и урнат покрив на станбена зграда до бензинска пумпа со остатоци расфрлани околу местото каде што биле паркирани бројни автомобили.
Универзитетската болница Летеркени соопшти дека е во готовност и лекува голем број повредени во експлозијата.
Ирската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот хеликоптер им помага на итните служби на местото на настанот, а Националната служба за брза помош соопшти дека испратила голем број амбулантни возила,пренесе Индекс.хр.