Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ загина откако активирал рачна бомба на влезот на Основниот суд во Подгорица, преневуаат црногорски Вијести. Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдивме дека загинал М.Б.(39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени кои се лекувале во Клиничкиот центар“, велат од црногорската полиција.

Видео и фото на следниот ЛИНК.