Осум пациенти заразени со Ковид-19 настрадаа во пожар во турска болница.

Станува збор за приватна болница на југот од земјата. Новинската агенција „Анадолија“ објави дека пожарот избувнал откако експлодирало шише со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп. Жртвите биле на возраст од 56 до 85 години, како и дека 14 пациенти се префрлени во други болници, објави АП. Пожарот брзо е ставен под контрола, а истрагата е во тек. Властите велат дека во одделенијата за интензивна нега во Турција, пополнети се 74 проценти од капацитетите, но здруженијата на лекари тврдат дека болниците се веќе полни. Досега во Турција се регистирирани 1,98 милион заразени, а починале 17.610 заболени од коронавирусот.

По бројот на заразени, Турција е во првите десет во светот.