Најмалку 30 лица загинаа, а 17 се повредени при експлозија на камион-цистерна за гориво, кој превезувал бензин во нигерискиот град Агбор.
Според очевидец, експлозијата била предизвикана од истекување во цревото за дозирање. Се уште не е позната точната причина за инцидентот.
По експлозијата избувнал пожар, при што се оштетени повеќе од 30 куќи во близина на бензиската станица. Исто така, целосно е уништена и плантажа со палми.
Настраданите се здобиле со сериозни изгореници и биле пренесени в болница.