„Една од причините зошто Северна Македонија се соочува со енергетска криза, е тоа што не се носат навремени и правилни одлуки во секторот енергетика, туку одлуки од денес за утре, вели професорот Константин Димитров, кој нагласува дека многу порано требало да се реагира при набавката на јаглен, поевтин мазут, но, и струја, која во текот на летните месеци била за неколку пати поевтина отколку сега, јавува Гласот на Америка.

„Висиме на конец на Рек Битола, кој не го ни одржуваме како што треба. Правиме ремонт, го пуштаме блокот и после 24 го исклучуваме бидејќи нешто не функционира. Сета една таква политика во енергетиката не доведе во оваа состојба. Ќе плаќаме енормно висока цена за електрична енергија што не можеме да ја произведеме“, вели Димитров.

Едно од решенијата се гледа и во изградба на што повеќе фотоволтаични централи, каде електричната енергија се добива со помош на сончевата енергија. Можности и слободни локации за тоа има доволно, бидејќи земјава располага со околу 280 сончеви денови.

Целата сторија на Гласот на Америка прочитајте ја овде.