Научниците тврдат дека јајцата се расипуваат многу побрзо доколку ги чувате на вратата во фриждерот отколку на полиците или дури и надвор од фрижидерот.

Имено, бидејќи фрижидерот често се отвора, јајцата така се изложени на нагли промени на температурата, поради што се посклони на расипување.

Експертите советуваат јајцата да ги чувате на средната полица од фрижидерот, подалеку од намирниците кои имаат силен мирис, бидејќи лушпата од јајцето е лесно пропустлива.

За да ја избегнете можноста од зарази, држете ги подалеку од сировото месо.

Немојте да ги употребувате јајцата со скршена лушпа, а нормално ниту оние на кои им истекол рокот. Расипаните јајца се сериозно опасни по животот.