Експертите се согласни околу една работа во врска со споменатиот пар…
За штетата која му се случи на кралското семејство по заминувањето на принцот Хари и Меган Маркл експертите највеќе го обвинуваат принцот Хари.
Како, што велат тие, тој не ја подготвил добро Меган Маркл за животот во кралството.
„Тоа е комбинација од вина на Хари и Меган, но повеќето на Хари кој не се потрудил детално да и објасни се. Тој не е строго момче кое наредува, но најверојатно не сакал ниту да објаснува“, раскажа авторот на книгата за принцот Филип, Роберт Џобсон.
„Напорна работа е да се биде член на кралското семејство, иако можеби луѓето мислат дека тоа не е така. Животот со нив не е гламур, а можеби и на неа не и се допаднало сето тоа.“, додаде Џобсон.
Според мислењето на Џобсон, Маркл требало да ја праша за помош долгогодишната кралска личност од доверба Саманта Коен. Така веројатно ќе се спречеше Хари и Меган да го напуштат семејството.
Како што заклучи тој, токму Хари е најголемиот виновник.
„Го осудувам Хари бидејќи ја знаеше целата приказна, но тој го сакаше својот дел од колачот, а тоа така не оди“, заклучи Роберт.