Ингрид Сивард, експерт за кралското семејство тврди дека знае како ќе се вика второто дете на принцот Хари и Меган Маркл. Иако парот сè уште не сака да го открива полот, многу луѓе започнаа да погодуваат дали ќе биде момче или девојче и какво име ќе му дадат на бебето, а Сивард понуди неколку можни имиња за двата пола.

Сето ова е во стилот на Лос Анџелес, каде што живеат сега. Сигурна сум дека бебето нема да има традиционално британско име, но ќе има викторијанско име. Ако добијат син, ќе му ги дадат имињата Редмонд, Блу или Греј, а ако добијат ќерка, ќе ја наречат Дејзи, Примроуз, Вајолет или Ајви. Сепак, не би се изненадила и ако се вика Дијана“, рече Сивард за Femail.

Името Дијана во моментов е најпопуларен избор во обложувалниците, кои сметаат дека Хари, ако му се роди девојче, сигурно би сакал да ѝ оддаде почит на неговата покојна мајка.

Исто така се шпекулира дека овој пат Меган ќе се породи според нејзините правила, наместо според кралските, и дека ќе организира многу пораскошна забава за дарување на бебето, отколку пред две години, кога им се роди синот Арчи.