Откако излезе трејлерот за интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл кај Опра Винфри, кралското семејство стана главна тема во медиумите. Сите се прашуваат што е тоа што Меган го открива за кралското семејство, а експертот за говор на тело, кој ја анализирал нејзината гестикулација, смета дека кралскиот дворец сепак има причина да се плаши.
Како што вели експертот за говор на тело Џуди Џејмс, најавите за разговорот веќе кажале многу нешта за Меган.
„Доколку дворецот се надеваше дека слатката мистична насмевка на Меган Маркл од првиот трејлер би можела да биде вовед во низата нејзини негирања на сите оние драматични прашања за дворецот, негирања проследени со кикотење, тогаш ова видео каде „ѕвездата на немиот филм“ конечно говори, одлучно го сугерира спротивното“, анализираше Џуди Џејмс.
Нејзиниот глас и нискиот тоналитет и бавното темпо на секој збор кој го изговара со паузи и го нагласува кажува дека таа раскажува факти.
„Токму поради тоа нејзиното обраќање звучи дека е поткрепено со факти, а не е емотивно. Очите и се помрднуваат на страна, а тоа е така кога обично се присетуваме на нешто и за тоа обликуваме зборови, а потоа додека зборува за „ризикот од загуба на некои нешта“ таа ги помрднува очите во друга насока, што е поврзано со погледот во иднина“, објасни таа.
Џуди додаде дека Меган и Опра воспоставуваат контакт „лице во лице“, поради што нивниот разговор изгледа како разговор на интелектуално еднакви лица.
Во одредена мера нејзините зборови, продолжува Џуди, би можеле да укажуваат на тоа дека Меган бара утеха, но со подигнатиот прст покажува дека внимателно размислува како ќе одговори на сложените прашања.
Да се потсетиме, британските медиуми пишуваат дека телевизиската мрежа во Велика Британија, „ITV“, би можела да се откаже од прикажувањето на интервјуто со Опра, за кое на американскиот „CBS“ му плати повеќе од милион фунти.