Ексклузивно, порталот Zoom.mk дознава дека собраниската делегација, предводена од Претседателот Африм Гаши и пратеници од Собранието, кои престојуваа во официјална посета на Шведскиот парламент, синоќа не можеше да се врати назад во Скопје поради фактот дека владниот авион Learjet 60 не бил безбеден за враќање.

Инаку, ова не е прв случај кога владниот авион, кој веќе е стар над 20 години, не е во состојба да лета поради безбедносни причини. Во неколку наврати, експертите имаат укажано на фактот дека авионот е престар и дека не одговара на новите трендови и стандарди во авијацијата. Но, и покрај ваквите предупредувања, властите досега не презедоа иницијатива за набавка на нов владин авион./Zoom.mk