Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев вели дека се нереални очекувањата да се постигне договор со новата политичка влада на нашиот источен сосед дури и ако таа биде составена во наредниве денови. Надеж дека би можело да се стигне 14 декември деновиве посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи, но според Ѓорчев тоа не би можело да се очекува ниту во првите месеци од идната година.

„Цел јануари можеби и првата половина од годината ќе биде би рекол испитувачка во однос на новите ставови на бугарската нова политичка влада. Принципите на рамноправност, реципрочност и взаемно почитување и доверба се принципи кои што се непорекливи во меѓународното право и ако на тоа се потпираме до договор тешко ќе се дојде затоа што едната страна во договорот се поставува патерналистички односно на некој начин условува со прифаќање на одредени барања“, вели Марјан Ѓорчев, пренесува ТВ 21.

„Улогата на Соединетите Американски Држави пред се во безбедносната сфера за Европскиот континент е многу важна и мислам дека ќе помогне на некој начин во откочување на овој процес“, вели Марјан Ѓорчев.

Целиот напис прочитајте го овде.