Десет активисти и граѓани денеска собраа 15-тина вреќи ѓубре од плажата кај поранешната детска болница во Охрид.
Чист Охрид заедно со Енхелеус Лихнид и Еко Туризам исчистија уште една мини депонија создадена од несовесни граѓани.
Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме!
Благодарност до сите што учествуваа, се гледаме на друга акција, за почист и поубав Охрид!