Еден офицер на Руската национална гарда и едно дете се ранети денеска при пукање во рускиот град Екатеринбург. Детето е пренесено во болница по инцидентот, изјавил полициски извор за новинската агенција ТАСС.
„Вистина е, полицаецот е ранет, а детето е хоспитализирано“, изјавил изворот. Инцидентот се случил кога непознат маж отворил оган кон уличните минувачи во Екатеринбург.