Министерката за надворешни работи и потпретседателката на бугарската Влада, Екатерина Захариева, денеска се сретна по негова молба, со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, кој поминувал транзит низ Бугарија.
За време на неофицијалната средба било зборувано за европската перспектива на РСМ и предизвиците пред двете земји за време на пандемијата од Ковид-19. Захариева ја потврдила поддршката на Бугарија за евроинтеграцијата на нашата земја, по исполнувањето на соодветните услови.
Двајцата министри направиле преглед на заедничката работа за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година. Тие разговарале и за претстојната седница на меѓувладината конференција која треба да се состане откако двете земји ќе го одобрат проектот на протоколот.
Од бугарска страна е забележано дека согласно Договорот од 2017 година идната Седница на заедничката меѓувладина комисија треба да напраи полн преглед на спроведувањето на Договорот, да прими годишен извештај за работата на мултидисциплинарната комисија за историја и образовни прашања,и да посочи конкретни идни активности за соработка.
Министрите изразиле задоволство од конструктивниот тон од меѓусебните разговори и во разговорите на дипломатите помеѓу двете земји и разговараа за конкретни проекти коишто ќе ја подобрат поврзаноста помеѓу двете земји.
Фото: БГНЕС