Европската комисија ги прекина сите проекти на земјите од ЕУ со Русија и Белорусија, кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира.
„Интеррег и програмите за прекугранична соработка се прекинати. Не самите програми, туку транши од пари што требаше да ги поддржат руската и белоруската страна во таа соработка“, рече Фереира на 8-от кохезиски форум во Брисел посветен на кохезиона политика.
„Сега работиме на репрограмирање на тие пари за да и помогнеме на прекуграничната соработка со Украина, за да и помогнеме да го реши својот проблем“, додаде Фереира.