Германија не треба да воведе забрана за патување во Португалија, туку треба да се ограничи на барање за тестирање и карантин со цел да се усогласи со пристапот на Европската унија, соопшти денеска Европската комисија.
ЕК соопшти дека Германија го известила Брисел дека сега ја смета Португалија за „зона со варијанти на вирусот“ и сака да ја активира сопирачката за итни случаи за да го ограничи слободното патување за да спречи ширење на Ковид-19.
Сепак, строгите ограничувања на патувањето до и од Португалија, најавени од Берлин, не се целосно во согласност со препораките на европскиот блок за олеснување на патувањето во текот на летото.